Напад врз службено лице во вршење работи на безбедноста

 
До Врховен Суд – Скопје
Преку Основен Суд – Берово
Апелационен Суд – Штип

Дополнување на БАРАЊЕ
За повторување на судење за делото К.бр86/15
Од Стевчо Андоновски со ЕМБГ 2803984490014 од Пехчево обвинет и осуден за Напад врз службено лице во вршење работи на безбедноста.
Закон за кривична постапка Член 392 Став 1
точка 5) на некое лице за исто дело повеќе пати му е судено или ако повеќе лица сеосудени поради исто дело што можело да го стори само едно лице или некои од нив;
За истото дело сум осуден на Условна осуда од 6 месеци со К.бр.14/16 од 15.04.2015 како Спречување во вршење на службено дејствие, а потоа е преквалификувано во Напад на службено лице и повторно сум осуден на 3 месеци со К.бр.86/15 од 09.03.2016.

точка 4) се изнесат нови факти или се поднесат нови докази што самите за себе или во врска со поранешните докази се подобни да причинат ослободување на лицето штобило осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон;
Утврдувањето на фактичката состојба е засновано само на изјавите на оштетениот и неговиот колега, полицискиот службеник. Не се повикани сведоци кои вечерта на настанот беа педесетина и сите имаат искази кои се во моја корист како осуден. На многу од нив им е вршен притисок, закани и уцени и не сакаат да сведочат против МВР оти се уплашени од евентуални последици.

Судијата за извршување на санкциите е истиот кој ја има донесено пресудата и е пристрасен штитејќи ја својата одлука при моите барања за одложување на извршувањето на санкцијата според чл.95 од ЗИС :Одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор може да одреди и надлежниот суд за решавање по барање за повторување на кривичната постапка поднесено во корист на осуденото лице, по барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда и по барање за замена на казната затвор со парична казна, под условите предвидени со закон.
Редовните правни лекови и жалбите ми се отфрлени како неосновани. Вонредниот правен лек за преиспитување на пресуда не е поднесен во законскиот рок, но според моите жалби и поднесоци до судот се гледа незадоволството од класификацијата на делото и одредувањето на пресудата.
Не е докажано дека е удрен полицискиот службеник, не е докажано ниту дека му е турната капата, а според опишаните дејствија не станало ништо што може да се квалификува како напад врз него. И покрај тоа не се разгледани условите за парична казна или условна осуда кои за вакво дело се предвидени, ами прекумерно се заштитени полициските службеници, работено е исклучиво на нивните изјави, маскирани зад параван на почитување на авторитет, послушност на наредби и тн.
Не е воопшто земен предвид истиот чл.383 од КЗ 4) Ако сторителот на делото од ставовите 1, 2 и 3 бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на службеното лице или лицето кое помага, може да се ослободи од казна; дека полициските службеници пристапиле незаконски и недолично за што треба повторно да се разгледаат изјавите на Гошевска Јелица и Вучковска Вирџинија како и зошто наводно усно барале да пристапат овие .
Апелациониот суд - Штип ја одби мојата жалба како неоснована со КЖ-134/16., засновајќи се само на изјавите и службените документи на вработените во МВР. Пружање пасивен отпор е да не сака лицето да се оддалечи од место, да не дозволува да биде врзано, а дефиницијата за пружање активен отпор е подруга.
Заради тоа барам да биде повторено судењето, а примерок од ова барање да биде доставено до надлежните институции.
Подносител
Андоновски Стевчо
04.04.2017




























Comments